fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цената на свинското месо жива мера е намалена за 20 денари за килограми

Цената падна заради ниската цена на јачменот

Цената на свинското месо жива мера е намалена за 20 денари за килограми. Гоце Сарафимов одгледувач на свињи и потпретседател на Асоцијација на земјоделци вели дека ова се должи на ниската откупна цена на житариците, односно на јачменот, објави plusinfo.mk

-Цената на свинско месо жива мера уште е поволна, иако сега е малку падната, од 140-150 денари  на 125-120 денари, плус 5% данок. Меѓутоа добра е и таа цена во моментов, не е загрозувачка за одгледувачите на свињи- вели Сарафимов.

Според него, исплатливо е одгледувањето на свињи, имајќи предвид дека годинава откупната цена на сточната храна беше ниска, односно јачменот го откупуваа за 9 или 10 денари по килограм.

Тој додава дека по африканската чума е намален бројот на свињи во земјава, но не во голем обем, бидејќи голем дел од одгледувачите  ги обновуваат своите свињарски фарми.

-Моментално се обновуваат сите тие фарми, кои беа зафатени со африканска свинска чума, што значи дека пазарот е задоволен од свинско месо – изјави Сарафимов.

Тој посочува дека во месарите има мало намалување на свинското месо за крајните потрошувачи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close