Цени на горивата на Балканот, кој плаќа најмногу?
Во Македонија само од крајот на мај до денеска, за 30 дена, цената на дизелот се зголеми за дури 23,5 денари по литар, а цената на бензините скокна за 17 денари.
Цените на горивата во светот постојано растат, а на движењата на светските берзи особено влијае руско-украинската војна. Денеска цената на суровата нафта падна за околу 7 долари во однос на минатата недела, а барел нафта на берзата во Лондон се тргуваше за околу 113 долари што е најниска цена од крајот на минатиот месец.
Причина за ова е забавувањето на глобалната економија имајќи предвид дека во борбата со инфлацијата речиси сите централни банки почнаа со зголемување на основните каматни стапки кои во некои држави се зголемија и за три четвртини од еден процентен поен.
Во Македонија само од крајот на мај до денеска, за 30 дена, цената на дизелот се зголеми за дури 23,5 денари по литар, а цената на бензините скокна за 17 денари.
На Западен Балкан горивото е најскапо во Албанија, каде цената на литар дизел денеска чини 2,16 евра, во Косово 1,89 евра. Во Црна Гора горивото е најевтино заклучно со денес (1,58), додека во С.Македонија за литро дизел треба да платите 1,77 евра, а во Србија 1,77.
Што се однесува до бензинот, тој во Албанија е 1,96 евра за литар, Косово повторно е на второ место со 1,91 евра Македонија е трета 1,83, а Црногорците плаќаат 1,68 евра за литар бензин, во Србија 1.67 евра .
За споредба, во Германија за литро дизел се плаќа 2,05 евра, додека за литро бензин – 1,89 евра.
Просечната плата во Германија е околу 3.500 евра, во Албанија околу 490 евра, во Косово околу 504 евра, во Црна Гора 873, во Србија 558 евра.
https://fokus.mk/tseni-na-gorivata-na-balkanot-koj-plaka-najmnogu/