fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цените на храната ќе пораснат меѓу осум и 20 отсто

Има неизвесност околу извозот на руска храна. Се проценува дека 20 до 30 отсто од обичните култури нема да бидат засадени или нема да се соберат.

Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (УНФАО) објави дека меѓународните цени на храната би можеле да пораснат меѓу осум и 20 отсто, поради војната меѓу Русија и Украина.

Според првичната проценка, УНФАО соопшти дека е нејасно дали Украина ќе може да собира жетва за време на потенцијално долготрајниот конфликт.
Има неизвесност околу извозот на руска храна. Се проценува дека 20 до 30 отсто од обичните култури нема да бидат засадени или нема да се соберат.

УНФАО истакна дека Русија е најголемиот извозник во светот, додека Украина е петта.

Заедно, тие обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 отсто пченица и четири отсто пченка, што е повеќе од една третина од светскиот извоз на жито.https://www.vecer.press/
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close