fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Распишан јавен оглас за доделување на 1.776 хектари државно земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади

Подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека е распишан јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хекатри по пат на електронско јавно надавање.

Вкупната земјоделска површина која со овој јавен оглас се става на располагање изнесува 1.176 хектари државно земјоделско земјиште, распределено во следниве региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Кавадарци, Кисела Вода, Куманово, Кочани, Неготино, Гази Баба, Свети Николе и Струмица.

Намената на земјоделското земјиште кое преку овој јавен оглас се дава во закуп е за:

  • подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,
  • подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • подигнување на маслинарници за период до 50 години,
  • одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
  • ливади за период до 15 години,
  • за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години и
  • рибници до 20 години

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на овој јавен оглас доколку имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија. Домашните и странски правни лица или нивните подружници имаат право да учестуваат на овој оглас доколку земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е претежна дејност, или доколку земјоделското земјиште им е потребно во вршење на научно-истражувачки дејности.

Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас. Заинтересираните апликанти образецот за учество на јавниот повик (понуда) можат да го подигнат во МЗШВ, подрачните единици на МЗШВ или преку веб страната на МЗШВ. Истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави заедно со потребната документација во затворен коврер.

За дополнителни информации заинтересираните апликанти можат да се обратат до МЗШВ на телефонот 02/313 44 77 или да ја посетат веб страната на МЗШВ https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=3201

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close