fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цените на храната во светот растат, растат и цените на житарките

Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата година, поттикнати од доцнењето на жетвата и високата побарувачка.

Цените на храната во светот во октомври трет месец по ред бележат раст и се искачија на нов десетгодишен максимум, повторно предводени од растот на цените на житарките и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединети нации.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најтргуваните меѓународни цени на храната во светот, во просек изнесуваше 133,2 поени минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември.

Бројката во септември претходно беше 130,0.

Порастот на цените на храната во октомври е највисок индекс од јули 2011 година. На годишна основа во октомври индексот се зголеми за 31,3 проценти

 

 

 

 

https://nezavisen.mk/fao-cenite-na-hranata-vo-svetot-se-iskachija-na-nov-desetgodishen-maksimum/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close