fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цените на лебот, шеќерот, брашното, месото ќе бидат замрзнати до 28 февруари

Со оваа одлука, највисоките цени на основните прехранбени производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале лани на 1 декември во трговијата на големо и на мало

До 28 февруари остануваат замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини, одлучи Владата на денешната седница.

Со оваа одлука, највисоките цени на основните прехранбени производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале лани на 1 декември во трговијата на големо и на мало, при што се исклучуваат цените на попуст кои важеле тогаш. Оваа интервентна мерка на пазарот почна да се применува од 6 декември лани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close