Агро бизнисМакедонијаМлад земјоделецТоп вести
Цветкоски-Цената на житото не смее да биде под 20 денари
Со трошоците за сите агротехнички мерки килограм жито чини над 19 денари
Цената на пченицата и јачменот не смее да биде под 20 денари за килограм, оти со трошоците за сите агротенички мерки килограм жито чини околу 19 денари, вели земјоделецот Марјанчо Цветкоски од Пелагонија. За јачменот приватни откупувачи нудат и по 9,5 денари од килограм, што е далеку од реалната и проиводна цена, вели нашиот земјоделец.
Според него сегашната откупна цена на житото е под секое ниво, и се чека официјална цена.
Цветковски смета дека годинава и кавлитетот и приносите се добри.
-Цената во моментот што се нуди за житото е многу ниска во однос на трошоците. Квалитетот е добар на житото и во зависност од местото, приносите некаде се движат од 4000 до 6000 килограми по хектар, вели Цветкоски.