fbpx
ВестиМакедонија

За да наполнат резервоар, Македонците треба да работат 20 часа, Словенците само осум, во Германија уште помалку

За полн резервоар гориво во Македонија треба да се работи околу 20 часа, или два ипол работни денови.

За полн резервоар гориво во Македонија треба да се работи околу 20 часа, или два ипол работни денови, слично колку и во Србија, додека во Словенија возачите можат да ги наполнат своите автомобили по само еден ден работа или нешто помалку од 8 часа. На Германците им треба уште помалку, или околу 6 часа работа, покажува пресметката на „Блиц Бизнис“ земајќи ги предвид тековните просечни плати и цените на горивата во регионот и Европа.

И покрај значителните варијации на пазарот на нафта, но исто така и на турбуленциите што ги донесе пандемијата со корона вирусот на пазарот на трудот, бројките покажуваат дека немало значителни промени кога станува збор за количината на работа потребна за полнење гориво „до врвот“, барем кога станува збор за земјите од регионот, пишува „Блиц“.

Во споредбата е земен резервоар од 50 литри бензин, колку што е просечниот капацитет на резервоарите во автомобилите. Поред оваа пресметка, за да го наполнат со гориво, граѓаните на Србија треба да платат 57,8 евра, а оние што возат „дизел“ треба да платат нешто повеќе од 61 евро. Со просечна плата од 512 евра и стандардно осумчасовно работно време, тие заработуваат 2,9 евра на час, што значи дека им требаат речиси 20 часа работа за полн резервоар, односно два и пол работни дена. Доколку користат дизел, ќе им треба еден час повеќе.

Граѓаните на Црна Гора и Северна Македонија мора да поминат слично време на работа ако сакаат да ги наполнат своите резервоари. Бидејќи просечната плата во Црна Гора е 525 евра, а потребни се 57 евра за 50 литри бензин, тоа значи дека Црногорците треба да работат 19 часа. Македонците имаат плата од 454 евра, па поминуваат околу еден час повеќе на работа за полн резервоар што ги чини 51 евро, се вели во текстот.https://nezavisen.mk/za-da-napolnat-rezervoar-makedoncite-treba-da-rabotat-20-chasa-slovencite-samo-osum-vo-germanija-ushte-pomalku/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close