fbpx
ВестиМакедонија

Да не се излегува надвор без некоја голема потреба, порачува Филипче

За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Главната порака е луѓето да се стрпат од излегување, сепак да не се излегува и сега во овој период без некоја голема потреба. Луѓето да не се групираат на штандовите. За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Не постои можност, посочи министерот, да се влезе во домот, загарантиран е интегритетот и тоа е согласно Уставот и тоа ни беше укажано кога го носевме новиот Закон за заштита на населението од заразни болести.

– Многу лесно се спроведува контролата надвор или на некои собири, во молови заради тоа што сега имаат големи ингеренции инспекторатите, МВР сите овие месеци наназад. Останува на свеста на граѓаните и затоа секојдневно апелираме да се почитуваат овие мерки. Да не се мешаат повеќе семејства заедно тоа е главниот ризик. Мерките се на сила од овој петок (18 декември) до 20 јануари, рече Филипче.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close