fbpx
ВестиТоп вести

Да се внимава како се чуваат млечните производи

Да се обрне поголемо внимание на начинот на чување на млекото и млечните производи, апелираат надлежните, но и млекопроизводителите.

Велат дека се случува трговците да ги чуваат производите несоодветно, односно макар на кратко да ги остават надвор, што не е соодветно, бидејќи млекото и млечните производи треба да се чуваат на температура од 2 до 8 степени во текот на целиот пат, почнувајќи од фармата, па се до трпезата.

За таа цел, млекопроизводителите, Агенцијата за храна и Организацијата на потрошувачи ќе започнат со кампања за поголема едукација на сите чинители во процесот на производство на млеко и млечни производи, почнувајќи од фармерите, преку производителите, транспортерите и трговците, па сè до самите купувачи, кои исто така може долго време да не ги чуваат на соодветна температура откако ќе ги купат производите.

Од Организацијата на потрошувачи велат дека поплаките од храна воопшто, вклучувајќи ги и млечните производи, минатата година се сведени на минимум.

Но, сепак најчесто купувачите се пожалиле на поминат рок или девакумиран производ.

Извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close