вестиВино

Фестивал на вино и сирење во Охрид

Годинава македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ каде взаемно ќе бидат споделени вкусовите на домашните вина и сирења.

festival na vino i sirenje vo ohrid

 

На фестивалот во Охрид кој ќе трае два дена, денес и утре, учество ќе земат 14 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот.

Во рамки на дводневната манифестација, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, истовремено ќе може да уживаат во културно – уметничката програма.

Манифестацијата ќе се одржува на малиот плоштад „Крушевска Република“.

Првиот ден, 26-ти август, за музичката програма ќе се погрижат Ансамбл „Билјана Јуниор“ и DJ – NASTY deluxe со дј-ски сет.

Додека на вториот ден, 27-ми август ќе има презентација и дегустација на производи збогатена со културно уметничка програма – Интернационален фолклорен фестивал „Разигран плоштад“.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close