
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
ИМА ИСПЛАТА НА СУБВЕНЦИИ за производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници
ИМА пари за градинарите
Министерот Цветан Трипуновски објави за исплатени субвенции
За Министерството претставува приоритет редовното сервисирање на субвенции кон земјоделците.
Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 лица.
Исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.