fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски: СДС, Ковачевски и Николовски целосно го уништија земјоделството

Земјоделците едвај преживуваат, а повеќето од нив веќе ги напуштаат нивите бидејќи не само што трудот и маката им се невреднувани туку и се потценети.

Земјоделството никогаш не било полошо како во изминатите седум години. Седум години земјоделците се целосно заборавени од Владата на СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски. Се сменија тројца министри и секој најавува подобрување на земјоделството, но резултати до ден-денес нема“, рече Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделците едвај преживуваат, а повеќето од нив веќе ги напуштаат нивите бидејќи не само што трудот и маката им се невреднувани туку и се потценети.

Најдобар показател дека ситуацијата во земјоделството изминативе години е катастрофална покажаа протестите на земјоделците во Република Македонија, кои бараа помош од Владата на СДС и од Николовски. И, наместо помош, добија обвинувања дека протестите биле партиски и дека некој ги користи за политички поени.

СДС, Николовски и Ковачевски, наместо вината да ја бараат во себе за хаосот и пустошот во земјоделството, ги потценуваат земјоделците, кои со својата чесна работа заработуваат за себе и за своите семејства за да ги прехранат.

Од седумгодишното владеење на СДС, Ковачевски и Николовски ситуацијата во земјоделството е следна: ненавремена исплата на субвенциите и намалување на субвенциите; несигурен пласман и ниски цени за земјоделските производи во сите земјоделски гранки; проблеми со наводнување на земјоделските површини; нерамноправна распределба на земјоделското земјиште, односно наместо земјоделците да го добијат земјоделското земјиште, тоа завршува кај лица блиски до Николовски и до власта. Македонија стана увозно зависна од храна, која моли и купува храна од соседните земји, а граѓаните јадат небезбедна храна со потврдено присуство на пестициди; ненавремено справување со африканската свинска чума; граѓаните плаќаат скапо огревно дрво, а тендери за преработка на опожарените дрва земаат блиски фирми до власта и Николовски;

Николовски потпишуваше договори за доделување земјоделско земјиште по багателни цени; криминал и злоупотребување со ИПАРД-фондовите; унапредување партиски лица блиски до Николовски и вработување кадри на СДС.

На само еден месец пред гласањето на техничка влада, СДС и Ковачевски сакаат да си го озаконат предизборниот поткуп и преку таканаречениот антикризен пакет, само на неколку земјоделци ќе им дават по 1.000 денари, и тоа сѐ до завршување на изборите.

Седум години ги заборавија, а сега на само неколку месеци пред избори ќе им делат по 1.000 денари.

Нивните 1.000 денари нема да им помогнат не само на земјоделците туку и на граѓаните нема да им помогнат. Земјоделците не бараат милост, туку бараат достоинтсвени цени за земјоделските производи што ги произведуваат.

Им порачуваме дека нивните нечесни и дволични игри се препознаени од земјоделците. СДС веќе нема поддршка од граѓаните и тоа е јасно.

Со еден збор, во земјоделството никогаш не било полошо. Но, важно е на парламентарните избори да ги поразиме.

ВМРО-ДПМНЕ има план, визија, стратегија и проекти за земјоделците и ќе почне со реализација веднаш по формирањето на идната влада.

Време е за промени. Време е да се стави крај на поразителните политики на Владата на СДС, Ковачевски и Николовски“, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close