fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Дали знаете што е поздраво – жолчките или белките?

Многу лекари и нутриционисти препорачуваат јајца за појадок

Двата дела од јајцето имаат специфични придобивки, но нутриционистички гледано, еден е сепак побогат!

Многу лекари и нутриционисти препорачуваат јајца за појадок поради високата содржина на здрави масти, витамини и протеини. Лесни се за подготовка, а со разновидни можности често ги конзумираме свесни за нивните здравствени ефекти врз нашиот организам. Но, постојано се поставува едно прашање – што е поздраво и дали жолчката треба да се отфрли или да се јаде одделно од белката.

Жолчките содржат повеќе масти, калории и холестерол од белките. Во едно големо јајце има околу четири грама протеини. Повеќе од половина од содржината на протеини е во белките од јајце – тие се целосни протеини бидејќи содржат девет амино киселини.

Постои голема разлика во калориската вредност помеѓу белките и жолчките. Така, белките имаат само 17 калории, додека жолчките 55, пишува Healthline. Исто така, белките речиси немаат маснотии, а за луѓето кои јадат храна богата со протеини со намален дел од калориите, белките често се на менито.

Жолчката содржи есенцијални хранливи материи и витамини од јајцето, како и каротеноиди растворливи во масти кои го штитат видот и очите од формирање на катаракта и други заболувања.

На крајот, гледаме дека двата дела од јајцето имаат специфични придобивки, но нутриционистички, жолчката е побогата од белката. Сепак, треба да се консумира умерено бидејќи содржи високо ниво на холестерол.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close