fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дано Јошев-винарски визби и откупни пунктови не ја почитуваат договорената цена на грозјето

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев со апел да се почитуваат договорените цени

Претседателот на регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ Дано Јошев, денеска имаше работен состанок со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев. Го информирал дека многу винарски визби и откупни пунктови не ја почитуваат договорената цена, 13 денари за вранец и 11 за смедеревка. На прес конференција градоначалникот и претседателот на здружението на прес конференција упатија апел да се почитува договорената цена.

-Само една винарска визба го почитува договорот во врска со откупот на „Вранецот“ а тоа е Тиквеш. Имаме информација дека другите откупувачи не го почитуваат договорот и имаат други цени, апелирам да се  почитуваат цените, рече градоначалникот Јанчев.

 

Дано Јошев пак рече дека по обиколката на пунктовите увиделе дека не се почитуваат цените, па кажа дека грозјето реално треба да се плаќа по 16 денари за „Смедеревка“ и 18 денари за килограм „Вранец“. Затоа Јошев го повика Земјоделскиот инспекторат да извршат контрола на терент и да се реши проблемот со откупот.

Јошев вели дека ако продолжи оваа ситуација излегуваат на протест.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close