fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Дарко Матески од Прилеп сади горчлива диња која помага во борбата со многу болести

Дијабетичари и болни од канцер ја бараат, помага и за некои вирусни болести, вели Дарко

Мал број земјоделци ja садат карелата – горчливата диња која е корисна во борбата со повеќе сериозни болести.

Карелата има многу малку калории, но содржи многу витамини и минерали и бројни материи кои позитивно делуваат на здравјето и имунитетот. Горчливата диња содржи и активни растителни соединенија кои делуваат како антиоксиданти.

Горчлива диња фото Зелена берза 

 

„Јас ја одгледувам веќе 11 години и целата количина ја продавам. Дијабетичари и болни од канцер ја бараат, помага и за некои вирусни болести, за многу работи е корисна. Но, 90 отсто ја купуваат болни од канцер и дијабетичари. Купувачи има од Скопје, но и од Струга, Гевгелија, Битола… Имав купувачи од Србија, затоа што таму не можеле да ја најдат.  Семето го набавувам од Хрватска. Ја продавам на тие што им е потребна, мали количини. Ја продавам свежа и смрзната во коцки. Замрзнатата ја земаат повеќе. Карелата има краток период на траење свежа, а потоа ја преработувам за да ја имам преку цела година. До 3 години се смета дека не губи од својствата,  ама јас ја продавам брзо, истата година се трошат количините“, вели Дарко Матески од Прилеп.

Горчлива диња фото Зелена берза 

Тој додава дека карелата не е тешка за одгледување, не бара некоја посебна нега или прскање.

„Не е тешка за одгледување, но ја има кратко време, треба од март да се сее, и се бере во септември. Нормално бара вода како и секое друго растение.  Јас би се радувал да ја одгледуваат повеќе луѓе.“, објаснува Матески за Зелена берза 

Горчлива диња фото Зелена берза 

 

 

А.Б Зелена Берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close