fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Деан Крстески-Укинувањето на 4 класа е на штета на тутунарите доколку се намалат откупни цени на тутунот

Крстески при ланскиот откуп добил просечна цена од 150 денари за килограм, со критики дека ниту еден килограм тутун не му бил ценат како прва класа, па отворено си го поставува прашањето дали е можно на толкави обработени количини, тоа да се случи од страна на откупувачите.

Ја поздравуваме одлуката да се укине четвртата класа, ако цените за откуп на тутунот останат исти или се со тенденција да се покачат, ако биде спротивно тогаш укинувањето на 4 класа е на штета на тутунарите, вели прилепчанецот Деан Крстески (50), кој својата егзистенција ја обезбедува главно од производство на тутун.

Крстески, како земјоделец обработува тринаесет декари тутун, 10 декари капија, 20 декари житни култури. Неговите ниви се во атарите помеѓу Мало Коњари и Кадино село.

Годишно произведува околу 2 до 3 тони тутун, како што вели во зависност од годината, а при ланскиот откуп добил просечна цена од 150 денари за килограм, со критики дека ниту еден килограм тутун не му бил ценат како прва класа, па отворено си го поставува прашањето дали е можно на толкави обработени количини, тоа да се случи од страна на откупувачите.

-Од мало дете сум поврзан со тутунот, како и секој друг прилепчанец, од тутунопроизводство егзистира мојата три члена фамилија, но и фамилиите на двајца работници кои се постојано ангажирано кај нас, вели Деан.

Ноември е месец кој носи многу неизвесности, радости и загриженост кај тутунарите, токму поради почетокот на откупот на тутунот од новата реколта, како ќе им биде ценет и платен родот. Таа неизвесност го обзема и Деан кој пак рационално размислува кој потег на МЗШВ и откупувачите ќе биде во корист или на штета на тутунарите,

-Тутунарите се исплашени и манипулирани. Ќе ви кажам зошто, ако надлежните постапиле човечки и во корист на тутунарите со намера да им помогнат добро е да се укине четвртата класа, но ако имаат задни намери со потпишувањето на анексите да се симни цената на втората, да се симни третата класа, тогаш тутунарите ќе бидат во загуба. Ќе потенцирам, доколку откупните цени останат исти по класи со тенденција да се зголемат, тогаш таа одлука ја поздравуваме, вели Крстески.

Прва класа чини 280 денари за килограм, втора 200, трета 150 денари, четврта 75, од дополнителната прва класа е 85 денари, и втора дополнителна 64 денари. Мувлосаниот тутун е 14 денари за килограм.

Всушност размислувањето на Деан оди во насока дека укинувањето на дополнителните класи и четвртата класа е најдоброто за оваа реколта што го направил овој министер.

-Повеќе нема откуп на тутун за 100 до 130 денари просек, нема барем оваа година народ да ни умира на откупи, затоа што чесно, без пријатели отишол да го продаде сработеното…

Но, ценењето во три класи не им одговара на тутунари кои секоја година, или со пријатели, или со подмитување им поминуваше нивниот тутун повеќе отколку на останатите. Тие тутунари се гласноговорници дека има потреба од повеќе класи, како да им се портпароли на големите газди, откупувачите. Што мислите, зошто толку остро се спротивставуваат откупувачите на ценење на три класи? Мислите ли дека ним им е жал за тутунарите?. Не, напротив  ги интересира профитот, критикува Деан потенцирајќи дека следува борба за зголемување на цените по класи. Најмногу да се зголеми третата класа, но следува и борба за укинување и на увозот на тутун, се додека не се откупи целото домашно производство.

-Бев учесник на протестите кои се одржаа ланската година. Таму, од тутунопроизводителите, народот, имаше јасно барање-укинување на четвртата класа и дополнителните класи. Тоа произлезе од фактот што откупувачите манипулираат со четвртата класа, злоупотребувајќи ја за да би откупиле тутун со врвен квалитет по мизерни 70 денари, колку што изнесуваше таа четврта класа. Народот беше немоќен, затоа што секој производител кој би побарал мислење од второстепена комисија, би останал за идната реколта без склучен договор, критикува Деан.

Крстески накрај вели дека годинава плодните пелагониски ниви дадо род со висок квалитет. Тутунот е со одличен квалитет далеку подобар од лани, па од таму не гледа зошто тутунот да се цени во 4 класа.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close