fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Дeбарската рамнина е без вода

Земјоделците кои имаат земјишта во Дебарската рамнина, се плашат дека ќе пропадне и последниот проект од минатата година. 

Речиси две децении Дeбарската рамнина е без вода. Сушата го зафати полето од кое земјоделски производи се снабдуваа не само за Дебар туку и за жителите од поширокиот регион. Министерството за земјоделство изминативе години спроведе студија и проект за реконструкција на системот за наводнување, но до денес вода од овој систем не доаѓала.

Со право одлична е реакцијата на дебарските земјоделци кои имаат свои земјишта во Дебарската рамнина. Досега со проектот на Министерството беше изграден само објектот каде што треба да се постават пумпите на системот за наводнување на брегот на Дебарско езеро, а работите целосно стагнираа. Земјоделците и летово немаат вода за наводнување на плодните земјишта, а на овие ниви се принудени да садат луцерка, пченица, овес и други фуражни култури.

Некои проекти пропаднаа кога станува збор за реконструкција на системот за наводнување. Затоа, со право, дебранци, особено земјоделците кои имаат земјишта во Дебарската рамнина, се плашат дека ќе пропадне и последниот проект од минатата година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close