Деблокирање на сметките на 180.000 граѓани приоритет во петиот сет владини мерки
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, најави дека петиот пакет на економски мерки ќе биде донесен наредната недела и дотогаш ќе завршат сите консултации.
Отписот на каматите кој ќе опфати најмалку 180 илјади граѓани ќе биде најголемата финансиска помош во најавениот пети пакет мерки на Владата а финансиска поддршка за плати ќе има но дали ќе биде како досега или пак ќе се премине на бескаматни кредити останува да се договори со коморите.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, најави дека петиот пакет на економски мерки ќе биде донесен наредната недела и дотогаш ќе завршат сите консултации. Како директна помош за граѓаните ќе биде отпишувањето на каматите од долговите кон јавните претпријатија поради кои 180 илјади граѓани имаат блокирани сметки. Според Битиќи во некои случаи тие неколкукратно ја надминуваат висината на основниот долг и затоа мора да се реагира. Исто така се предвидуваат и ваучери за граѓаните но дополнително ќе се потврди дали ќе бидат за туризам или за некоја друга намена.
Финансиската поддршка за исплата на плати ќе продолжи, но кој модел ќе се примени зависи од преговорите меѓу Владата, коморите и синдикатите. Во игра се две опции, постоечката односно субвенционирање и бескаматни кредити.
Од најавените една милијарда евра финансиска помопш за компаниите и граѓаните со досегашните економски мерки е исплатена една третина или 350 милиони евра, а неуспехот според вицепремиерот се должи на недостаток на политичка воља.
Според официјалните информации кои ги соопшти Битиќи, бројот на вработени чии плати биле поддржани со економските мерки опаѓал од месец во месец, па така од почетните 120 ијади во април во декември субвенционирани биле платите на 60 илјади вработени.https://telma.com.mk/2021/02/06/%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-