вестиТоп вести

Кафуле во Сингапур го служи шеќерот како магично облаче над шолја кафе

Ако мислите дека не може да имате посладок ритуал за кафе од сегашниот, ова кафуле ќе ве предомисли.

Луѓето кои го пијат утринското кафе во Сингапур уживаат во него, бидејќи во Melllower Coffee, кафето го служат со шеќерен облак.

Станува збор за црно кафе подготвено од квалитетни зрна, послужено со шеќерна волна во облик на облак над шолјата.

Наместо да послужат класични кесички шеќер, тие одлучиле на пиењето кафе да му додадат посебна доза на слаткост со магичниот облак.

Заради пареата од кафето, шеќерот полека се топи и изгледа како да паѓа дожд од шеќерниот облак.

Има ли посладок начин да го започнете денот?

 


 

crnobelo.com

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close