fbpx
Вести

Декларациите на храната нема да ги читаме со лупа

По одложување од шест месеци, од 13 мај годинава, на амбалажата на прехранбените производи ќе мора да бидат напишани алергените со задебелени букви.

deklaraciite na hranata nema da gi chitame so lupa

 

На операторите со храна им останаа уште два и пол месеца да се адаптираат на новите услови за декларирање од Правилникот за означување на храната, кои се усогласени со европските стандарди. Неговата примена почнува на 13 мај годинава, а казните се движат до 10 000 евра и повлекување на целата палета производи кои не се декларирани според пропишаните услови.

Примената на Правилникот требаше да стартува пред шест месеци, во ноември лани, но Стопанската комора на Македонија ја извести Агенцијата за храна и ветеринарство дека компаниите ќе трпат штети поради големите количини амбалажа која ја имаат како резерва, a не можат да ја искористат.

“Нема веќе одложување. На компаниите им беше дадено доволно време да се приспособат на новиот начин на декларирање, и тоа треба да се почитува. Инспекторите од средината на мај ќе прават редовни контроли дали и колку се почитува примената на Правилникот”, ни рече Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Компаниите кои работат со храна велат дека се подготвени да го применат Правилникот и оти нема да бараат ново одложување.

“Половина година беше доволно долг период да се потрошат резервите стара амбалажа, но и да се набави нова. He би требало да се појават нови проблеми при примената”, велат од Стопанската комора на Македонија.

Со новите правила задолжително ќе треба да бидат означени името на производот, нутритивната табела и составот на производот каде што ќе мора да бидат наведени сите алергени, ако ги содржи. Алергените ќе треба да се означуваат со задебелени букви. Минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметра, за да бидат видливи за потрошувачите кои ќе се информираат за производот кој сакаат да го купат. Производот ќе може да содржи и доброволни информации, во кои спаѓаат нутритивните тврдења, како што се присуство на витамини или на минерали, а може да бидат наведени и здравствени тврдења.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close