Вести

Запознавање со органското производство

Политики за органско производство, постбербени активности и мерки за поддршка, ќе бидат темите на обуката за новинари што викендов во Велес ја организираат Министерството за земјоделство, Здружението на агроновинари „Медиа плус“ и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Презентации ќе одржат одговорни од МЗШВ за органско земјоделство, како и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна.

За органското земјоделство и неговото медиумско покривање во Швајцарија, новинарите ќе имаат можност да слушнат од швајцарскиот колега Маркус Спулер.

Во рамки на обуката е предвидена и посета на фарма за органска храна во Струмица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close