fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Делчевските печуркари се жалат дека нема кој да ги откупи собраните печурки

Тројца жители од Разловци, за еден ден успеале да соберат 179 килограми печурки, што е и нивен личен рекорд

Рекордот за најмногу пронајдени печурки во текот на изминатата недела е во сопственост на тројца жители од делчевското село Разловци, кои само за еден ден успеале да соберат количина од 179 килограми, што е и нивен личен рекорд.

-Ова се случи за време на празникот Успение на Пресвета Богородица кога на територијата на село Разловци пронајдени се над 1000 килограми свежа печурка. Сепак она со што се соочуваме е откупот, бидејки трговците калкулираат со ценатаи сакаат печурките да ги земат за џабе, велат жители на селото.

Тие додаваат дека временските услови и по празникот Успение на Пресвета Богородица биле поволни, што резултирало местата со дабова шума да бидат уште ,,побогати” со печурки.

-Еве и денес имаме нова количина од eден тон која чека да биде откупена. Ако не ја добиеме цената која ја бараме, ќе бараме поддршка од сериозни откупни центри кои го ценат нашиот труд, додаваат печуркарите.

Пијанечката печурка надалеку е позната по својот квалитет. Делчевските откупувачи во повеќе наврати тоа го имаа потврдено, потенцирајки дека откупените количини најчесто завршуваат за западно-европскиот пазар. /МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close