„Ден на празот“ во василевско Градашорци

Во василевското село Градашорци утре ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“.

Градоначалникот Марјан Јанев, истакна дека како локална власт остануваат на заложбата да се негуваат овие манифестации кои оставаат белег на живеењето.

– Градашорци и општина Василево се далеку познати производители на праз и утре сакам да упатиме  порака дека овој наш автохтон зеленчук е квалитетен и треба да се откупува и да се конзумира. За таа цел вредните домаќинки од општина Василево ќе приготват повеќе традиционални специјалитети  од праз и ќе докажат дека оваа градинарска култура треба да биде дел од нашата трпеза, рече Јанев.

Јанев ги повика и производителите на праз да го изложат производството со цел, заедничка промоција, на како што рече, богатствата на општина Василево.

Share Button