fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Депонијата Русино ќе се затвори за 5 години

Русино ќе се затвори за 5, наместо за 10 години. Граѓанските еко активисти конечно ја добија бараната писмена гаранција. На договорот со Министерството за животна средина потпис ставија сите градоначалници на полошките општини. Останува уште официјално да профункционира Јавното регионално претпријатие „Русино/Полог“, откако Советите изгласаа членови на Управниот одбор.

Додека трае процесот на затворање на Русино, истовремено ќе се бара нова локација на која ќе биде дислоцирана депонијата.

Проблемот со Русино се актуелизираше во август годинава, кога по зачестените пожари граѓанските активисти поставија блокада и забранија депонијата да се користи како регионална. Таму се уште се носи ѓубре само од Гостивар, а според предвидениот тек на работите, на почетокот на идната година ќе се дозволи и другите општини да ја користат депонијата.

Извор: Телма

Слични написи

Back to top button
Close