![otstranet golemiot defekt na hidromeliorativniot sistem makarija](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/otstranet-golemiot-defekt-na-hidromeliorativniot-sistem-makarija.jpg)
Вести
Отстранет големиот дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија”
По шест дена интензивна работа на терен, отстранет е големиот дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија”, од кој со вода за наводнување се снабдуваат земјоделските површини во атарите на Градско и во Росоманско.
Илија Темелковски, технички директор на АД Водостопанство на Македонија, подружница „Тиквеш” од Кавадарци, информираше дека во најскоро време водата за наводнување повторно ќе се врати во каналската мрежа и без проблеми ќе продолжи наводнувачката сезона.
– Се работеше за голем дефект на левиот магистрален канал од хидромелиоративниот систем „Тиквеш”, поранешено „Макарија”, на сифонот кај росоманското село Камен Дол, прецизира Темелковски.