Десетина проверки на квалитетот на бензинот и дизелот за една година
Инспекторатот кампањата ја започна изминатата пролет во 2021 со инспекциски надзори кај 5 бензиски станици. Кај 2 од нив е утврдено отстапување од граничната вредност на Еуро Супер 95, според Правилникот за течни горива. но крајниот епилог бил дека немало манипулирање со квалитетот на горивата.
Со акредитираната мобилна државна лабораторија минатата година Државниот пазарен инспекторат направил десетина надзори на квалитетот на бензинот и дизел горивото наменети за малопродажба. Двата полугодишни извештаи на ДПИ велат дека немало отстапување при контролите на примероците.
Инспекторатот кампањата ја започна изминатата пролет во 2021 со инспекциски надзори кај 5 бензиски станици. Кај 2 од нив е утврдено отстапување од граничната вредност на Еуро Супер 95, според Правилникот за течни горива. но крајниот епилог бил дека немало манипулирање со квалитетот на горивата.
– По барање на субјектот била побарана втора анализа , на вториот примерок што е кај субјектот. По завршување на постапката за контрола на вториот примерок по барање на субејктот се утврди дека квалитетот на горивото е во согласност со Правилникот за течни горива. Согласно закон направена е трета суперанализа на третиот примерок од страна на ДПИ и со истата е потврдено дека квалитетот на горивото е согласно Правилникот. Со што постапката е завршена, се вели во одговорот на инспекторатот до „Фактор“.
Во втората половина на 2021 со мобилната лабораторија извршени се 4 инспекциски надзори со направени 8 анализи на бензин и дизел гориво.
– По добивањето на резултатите беше констатирано дека контролираните субјекти се во граничната вредност согласно Правилникот за течни горива и не се евидентрирани отстапувања, додаваат од ДПИ.
Изминатата пролет кога започнаа контролите беа најавени засилени контроли со оглед на тоа што лабораторијата е мобилна. Беа најавени испитувања и на влезот на државата, односно на граничните премини.
Инаку во двата полугодишни извештаи инспекторатот издал околу 3.700 налози за плаќање на казни во збирна висина од околу 12,8 милиони евра по разни основи.https://faktor.mk/desetina-proverki-na-kvalitetot-na-benzinot-i-dizel-gorivata-za-edna-godina