Инвестирањето во информатички комуникациски технологии (ИКТ) е исплатливо за земјоделците во Северна Македонија, се вели во сторијата објавена од ФАО. а посветена е на Сузана Димитриевска.
Сузана Димитриевска е органски земјоделец од Северна Македонија.Доаѓајќи од линија на силни, добро образовани жени, таа отсекогаш се чувствувала удобно при прифаќањето на нови технологии.Таа ги користи информатичките комуникациски технологии (ИКТ) за да ја зголеми ефикасноста на нејзината семејна фарма.
Пред неколку години, Сузана набави софтвер за управување со фарма што ѝ овозможи подобро да ги планира и контролира културите, да ги минимизира трошоците за работна сила и да троши помалку на гас и органско ѓубриво, со што ја зголеми добивката.
По склучување договор со швајцарска компанија во 2017 година, Сузана сметаше дека може да ја изврши целата работа со сезонски ангажиран труд.Меѓутоа, како што растеше побарувачката, таа ја сфати потребата и користа од автоматското решение кое може да контролира неколку различни процеси истовремено.
Сузана, со поддршка од консултант и швајцарската компанија, имаше можност да подготви анализа на трошоците и добивките од мануелната работа наспроти користењето на машина за автоматско сортирање.Тие идентификуваа оптичка машина за сортирање по боја која може да открие и сортира преку 123 различни видови земјоделски култури, билки и земјоделски производи според нивната големина, боја и форма.
Со заем од банка, таа инвестираше во оптички фото-селектор.“И покрај тоа што цената од 75 000 евра беше голема, сега можам лесно да селектирам и пакувам грав, истовремено исполнувајќи ги стандардите за квалитет на моите клиенти “, вели Сузана.
Информациските и комуникациските технологии, како оние што ги избрала Сузана, веќе долго време се гледаат како двигатели на руралниот развој и го забрзуваат напредокот кон родова еднаквост.ИКТ се однесуваат на широка категорија на уреди и услуги кои им помагаат на земјоделците да собираат, чуваат, анализираат и споделуваат податоци.Тие овозможуваат јакнење на руралните луѓе, а особено жените, на безброј начини – од мобилните телефони кои овозможуваат пристап до мобилно банкарство и сателити кои обезбедуваат ажурирани временски извештаи до беспилотни летала кои овозможуваат детални воздушни снимки.
Сепак, оние што најмногу би имале корист од ИКТ, исто така, се најмалку способни да пристапат до истите и да си ги дозволат.Сиромашните рурални жени, и покрај тоа што играат фундаментална улога во земјоделското производство, имаат помал пристап до ИКТ отколку нивните побогати, урбани или машки колеги.Како резултат на тоа, во многу рурални средини, целосниот потенцијал на ИКТ останува неискористен.
Од моментот на прифаќање на софтверот за управување со фарма, Сузана ужива во зголемената способност за одлучување и гледа дека нејзината инвестиција се исплаќа.Таа може поефикасно да ја води фармата, користејќи го софтверот за водење евиденција, да ги следи трошоците, да управува со сезонските работници и да ја анализира профитабилноста на секоја од своите култури.
Всушност, по нејзината прва година на користење на софтверот, Сузана дозна дека некои од културите што ги одгледувала со години не биле економични, па така сега ги испитува попрофитабилните опции.
Другите ИКТ-решенија може исто така да бидат клучни за иднината на Сузана.Во 2017 година, исклучително високите температури зафатија голем број од нејзините земјоделски култури.Сите нејзини кајсии, лубеници, грав, наут и сончоглед беа засегнати, а листовите на нејзиното грозје изгореа од топлината.Но, со инвестирање во прецизно земјоделство – користејќи ИКТ како мапирање на земјиштето и воздушни снимки – таа ќе добие важни информации за тоа како и кога да ги наводнува своите култури за максимална ефикасност.Овој пристап ќе го намали ризикот од загуби кај културите и ублажување на ефектите од климатските промени.Во блиска иднина, таа се надева да инвестира во дополнителен модерен систем за наводнување и почвени сензори.
„Малите земјоделци како мене, сè уште немаат знаење и разбирање за потенцијалните можности што ги нудат ИКТ“, вели Сузана.Потребни се повеќе демонстративни фарми за да можеме да научиме како може да се користат новите технологии, кои се придобивките и евентуално да одлучиме да инвестираме во нив”.
ФАО редовно организира регионални форуми за е-земјоделство каде што се демонстрира употребата на ИКТ во однос на храната и земјоделството и каде им е овозможено на малите земјоделци да ги споделат сопствените искуства едни со други.ФАО верува дека дефинирањето на паметни пристапи кон ИКТ фокусирани на заедницата може да им обезбеди на луѓето од руралните средини алатки кои им се потребни за иновации и промени – како на пример да им се помогне на повеќе жени-земјоделци како Сузана, да пристапат до овие клучни технологии.
Покрај тоа, бидејќи руралните земјоделци преземаат сѐ поактивни улоги во нивните заедници, ИКТ можат да бидат ефективни алатки за жените и мажите да ја надминат сиромаштијата, за унапредување на родовата рамноправност и за градење на „Свет без глад“ #ZeroHunger.