fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Димковски: 5 000 земјоделци ќе треба да подигнат картички за „зелена нафта“, на останатите картичките ќе им се надополнат

Третиот пакет економски мерки нуди поголема поддршка на земјоделците за нови приходи од плодната македонска земја

Министерот Димковски, посочи дека по завршување на здравствената криза, треба да продолжи развојот на земјоделството, да се искористат сите потенцијали, кои ќе овозможат заживување на секторот после кризата, поголемо производство на земјоделско-прехранбени производи, продолжување на инвестициите.

-Во периодот што следува, за земјоделците е важно да имаат рентабилно земјоделско производство, помали производствени трошоци, а поголеми приходи. Затоа, го зголемивме покривањето на трошоците за набавка на зелена нафта, од досегашните 30% на 50%. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 50.000 земјоделци, а вредноста изнесува 4,6 милиони евра. Договорот е потпишан со економскиот оператор. Планот за пријавувањето ќе оди преку Подрачните единици на  Министерството. Оттаму ќе подигнат картички 5000 земјоделци што досега не ја користеле оваа мерка. На останатите, пак, кои веќе имаат картички, тие ќе им бидат само надополнети, зависно од културите и површините со кои располагаат, рече Димковски.

„Се воведува поддршка за семејниот агробизнис, преку финансирање на старт ап семејни винарии и фарми. Преку новата Програма, отвораме можност за добивање на грантови до 10.000 евра, за опрема за преработка и маркетинг на вино, растителни, месни и млечни производи“ – рече министерот Димковски. За да можат да ги користат грантовите, земјоделците ќе треба да се регистрираат согласно правилниците:

Правилник за мали винарии во МЗШВ и Правилниците за флексибилност за производи од животинско и растително потекло во АХВ.

Грантовите освен за вино, млеко и месни производи, наменети се и за производство за нетрадиционални производи, ароматични, лековити и зачински билки.

Една од мерките се однесува на издавање на пасиштата на долгорочен закуп. На овој начин сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот, ќе имаат стабилност во производството и можност за користење на субвенции за одржување на пасиштата.

„Во насока на искористување на сите потенцијали и производство на нови продукти, ќе ги стимулираме винариите да произведуваат алкохолен дестилат, кој подоцна ќе биде искористен од домашните хемиски компании за производство на средства на дезинфекција.

Преку јавно приватно партнерства во главните извозни гранки, лозарството, тутунскиот сектор и градинарството, ќе овозможиме побрз развој и определена стабилност токму во годините кога се соочуваме со вишок на производство. Мапирани се капацитети кои можат да бидат обновени и модернизирани и крајно ставени во функција во производство на преработки од тутун, грозје и градинарски производи. На краток рок се очекуваат инвестиции од 10 милиони евра, што ќе значат бенефит, не само за земјоделците туку и за бруто-домашниот производ.

Со 50 милиони евра, кредит од Светската банка, ќе го модернизираме нашето земјоделство, и ќе ја зголемиме конкурентноста и профитабилноста. Дел од оваа сума ќе се искористи за изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Струмица и Ресен“, заклучи министерот Димковски на денешната прес-конференција.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close