fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Димковски: Интензивно работиме на исполнување на европските стандарди за уредување на земјоделските пазари

Димковски: Интензивно работиме на исполнување на европските стандарди за уредување на земјоделските пазари

Уредувањето на земјоделските пазари е основа за зголемување на пазарните можности, економскиот развој, како и севкупната продуктивност во земјоделскиот сектор, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на денешната работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој, организиранa од страна на Националната конвенција за Европска унија во Република Северна Македонија, информираат од МЗШВ.

Министерот Димковски изјави дека МЗШВ како креатор на политиките вложува огромни напори да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од флуктуации на цените и нелојалната конкурентност, со која секојдневно се соочуваат земјоделските производители. Уредувањето на земјоделските пазари е важно за Република Северна Македонија во делот на  исполнување на предусловите и предизвиците во евроинтегративниот процес

„На почетокот на минатата година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“ финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија. Конкретно,  со проектот ќе се постигне поврзување на земјоделците со откупувачите, поттикнување на договорното производство преку склучување на цврсти договори, со кои земјоделците ќе бидат сигурни во откупот и цените, а откупувачите во производите што им се потребни. На овој начин ќе се овозможи транспарентност, стабилност, и правичност на пазарите, во интерес на зголемување на конкурентноста на сите учесници поединечно и синџирот во целина“, изјави министерот Димковски, објавено е на веб страницата на МЗШВ.

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close