fbpx
ВестиТоп вести

Манифестација „Ден на пченицата 2019″

 

 

Под покровителство на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ,Сојузот на стопански комори на Македонија и општина Илинден во Скопје, се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2019“. Настанот што традиционално се одржува  во последната недела од месец мај го организираше  компанијата „Агроунија“ ДООЕЛ Скопје.

Во присуство на бројни гости, земјоделски производители, претставници на институции од државата и странство  се изврши обиколка на опитните полиња во Сингелиќ ,каде беа презентирани  македонските сорти пченица.

Манифестацијата не е  само афирмација на  „Агроунија“ и нејзината работа туку афирмација на целокупното македонско земјоделство и наука.

 

-Покажуваме дека со еден фанатизам и ентузијазам во работата имаме врвни резултати признати надвор од Македонија, во Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција.Во една голема конкуренција оваа година е призната како најквалитетна сортата „Осатка“, истакна претседателот на Агробизнис-комората, Огнен Оровчанец. Иновативниот пристап во развојот на сортните пченици признати меѓународно, е она што ги движи напред и одржува сите овие години. Интерес за нашата работа постои и ние очекуваме да продолжи признавањето на домашните сорти пченица и да го промовираме успехот надвор од Македонија, додаде Оровчанец.

Македонското земјоделство ја дели истата судбина како онаа од целиот Медитеран, каде се губи интересот за земјоделието. Климатските промени и миграциските бранови си го прават своето, а сето тоа влијае на цената на пченицата. Оровчанец изрази надеж дека со правилен пристап и примена на добри земјоделски политики може да се подобрат состојбите во земјоделството.

По однос на приносите, македонските  производители на пченица не очекуваат промени во споредба со ланската година. Со оглед на тоа што годината не беше поволна (пролетта беше сушна и има големо влијание на климатските промени) нема да може да се очекува многу и да  бидат конкурентни на пазарот.

-Имајќи ги предвид трошоците и берзанската цена нема да сме конкурентни на пазарот. Не очекувам да наидеме на добар пазар оти имаме голема конкуренција од Србија, рече Сулејман Нури од земјоделското стопанство Синѓелиќ АД Скопје.

Тој смета дека треба да има промени во начинот на субвенциите и смета дека големите производители не се еднакви во спооредба со помалите и се чувствуваат како од втора категорија производители.

-Актуелната власт треба сериозно да не има во предвид и субвенционирањето да го прави по производ и квалитет, вели Нури.

Што се однесува за цената оваа година не би требало да е под 12,5 денари за да може во иднина производителите да продолжат да посветуваат внимание на оваа дејност.

Производителите сметаат дека подршката треба да се насочи кон вистинските производители за да може да се обезбеди храна во државата.

 

Павлина Јовановска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close