fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Димковски на партиска трибина-ја исклучивме селективната исплата на субвенции

Во делот на користење на европските средства ИПАРД 2 искористеноста е 81% наспроти искористеноста на ИПАРД 1 од владата на ВМРО ДПМНЕ од само 18 проценти, рече Димковски

На трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина”, во Валандово, Трајан Димковски, од комисијата за земјоделство на СДСМ и заменик министер за земјоделие истакнал дека како власт ја исклучиле селективната исплата на субвенции и  вовеле нови можности за младите земјоделци и земјоделки, пренесува 24 инфо.
-За да има развој и оддржливост воведовме нови мерки и фер пристап за сите кои сакаат да инвестираат, ја исклучивме селективната исплата на субвенции, воведовме нови можности за младите земјоделци и земјоделки, грантот од 10.000 евра го зголемивме на 20.000 евра, можност за старт ап или започнување бизнис каде исто така можат да користат грант до 10.000 евра, воведовме за прв пат мерка за женски член или жена носител на земјоделско стопанство да добие грант до 3.000 евра, подвлече Димковски.
Тој истакна дека во делот на директните субвенции ова година ке се исплатат 110 милиони евра, како клучни измени кои се воведоа се зелената нафта, прво со субвенција од 30 отсто, а потоа и 50 отсто од цената на нафтата.
Во делот на користење на европските средства ИПАРД 2 искористеноста е 81% наспроти искористеноста на ИПАРД 1 од владата на ВМРО ДПМНЕ од само 18 проценти, рече Димковски на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина”, додавајќи дека сите исправни аграрни политики резултираа со нови откупни центри, со нови ладилници и нови преработувачки капацитети.https://24info.mk/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close