вестиТоп вестиХрана

Судот одлучи: Само едно чоколадо смее да има квадратен облик

Чоколадото „Ритер“ е единствено чоколадо кое во Германија може да се продава со карактеристичен квадратен облик, одлучи во четвртокот германскиот врховен суд.

 

Со ова судот ја одби тужбата на конкуренцијата.

Судот смета дека квадратниот облик на „Ритер спорт“ не е само плод на функционалност, туку и креативно обликување.

„За останатите произведувачи на чоколада не е пресудно своите производи да ги нудат во квадратен облик“, стои во пресудата.

Со тоа одбиена е тужбата на компанијата Монделез, произведувачот на чоколадата „милка“. Со конечната пресуда завршена е дестгодишната правна битка во која „милка“ бараше да се укине ексклузивното право на таков облик на чоколадо.

„Среќни сме што во иднина обезбедена е заштита на нашата марка која ја негувае веќе со децении3, соопшти компанијата „Алфред Ритер“ од Валденбух, покрај Штутгарт.

„За нас квадратниот облик на чоколади поседува иста вредност како и виолетовата боја на омотот за конкуренцијата“, додаваат од „Ритер“, предесе хрватски Индекс.

„Ритер спорт“ е основан во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година, кога соосновачката Клара Ритер одлучила дека чоколадото мора, без да пукне, да се стави во секој џеб од јакна.

Оваа компанија радосните вести ги сподели на Твитерсо пораката: „Денеска е важен ден, затоа што рипичниот облик на нашата амбалажа и понатаму ќе биде заштитен со Законот за заштитни значи и резервиран за нас во иднина“.

Извор:Независен

Слични написи

Back to top button
Close