fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Димковски: Со грижа за земјоделците и одговорни политики обезбедивме храна во време на криза

Политиките на СДСМ во една од нашите клучни гранки, земјоделството, даваат реални резултати. Домашното производство на стратешки култури го стабилизираме и го зголемивме.

Во време на глобална економска и енергетска криза обезбедена е храна за очекуваната најтешка зима по Втората светска војна со взаемна помош.

Со потпишување на договор создадени се и правните механизми, нема да има прекин во снабдувањето со храна меѓу земјите, што е од исклучително значење во време на најголема криза .Со него се гарантира дека ќе се обезбедат стратешки култури, како пченица, пченка, јачмен, млеко, месо, ориз, зејтин, во доволни количини за граѓаните на овие три земји.

Политиките на СДСМ во една од нашите клучни гранки, земјоделството, даваат реални резултати. Домашното производство на стратешки култури го стабилизираме и го зголемивме.

Како партнери на земјоделците даваме силна и директна финансиска поддршка на секој земјоделец. За над 45.000 земјоделци се обезбедени 3,2 милијарди денари или над 50 милиони евра.

2022 година е година во која државата до денар ги расчистува долговите према земјоделците, што не се случило цели 16 години. Но, и година во која за прв пат започнува авансна исплата на субвенциите. Со оваа мерка земјоделците ќе можат веднаш по аплицирањето да добијат до 30% од вкупната вредност на финансиската поддршка.

Оваа година со авансна исплата започнуваме за субвенциите кон овоштарите, за што обезбедивме 150 милиони денари, а веќе од следната година авансна исплата добиваат сите земјоделци.

Навремено преземавме мерки за поддршка на секој земјоделец, следува поддршка и за есенската сеидба со дополнителни 500 милиони денари, нови средства за Интервентната програма.

Така се работи одговорно и посветено и за земјоделците и за оваа стратешка и важна гранка.

Граѓаните треба да бидат спокојни, ќе биде тешка зима но криза за храна и основни продукти нема да има, а земјоделството ќе продолжиме да го развиваме во интерес на сите земјоделци и сите граѓани.

Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close