fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Димковски: Со навремени и ефикасни мерки во земјоделството го зголемуваме домашното производство на храна

Покрај основниот буџет, дополнителни 52 милиони евра се наменети како помош за околу 45.000 земјоделци.

Прес-конференција, Трајан Димковски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со конкретни мерки го поттикнуваат домашното земјоделско производство.

Во време на светска економска криза, каде секојдневно расте цената на храна и репроматеријали на светските пазари, преземаме конкретни чекори за надминување на последиците.

Преку Интервентниот фонд ги помагаме производителите на житни култури, како стратешки култури, за набавката на вештачко ѓубриво. Досега за оваа финасиска поддршка исплатени се 112,9 милиони денари, а оваа мерка ја искористиле 6.815 корисници.

За поголемо домашно производство, секоја педа земјоделско земјиште го ставаме во функција, досега распределени се 13.000 хектари државно земјиште а на најголем дел од нив се одгледуваат житни култури.

Истовремено, покрај основниот буџет, дополнителни 52 милиони евра се наменети како помош за околу 45.000 земјоделци.

Воведуваме нов модел на субвенционирање со цел поддршката за земјоделците да стане уште поефикасна и уште понавремена.

Досегашниот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство заминува во историјата.

Преку новиот поефикасен систем на субвенции, земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство и за првпат воведуваме авансно исплаќање на субвенциите.

Земјоделците преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството би добивале основна субвенција која би се исплаќала авансно, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба, а можност за авансна исплата на дел од основните субвенции се предвидува и кај сточарството.

Дополнителната субвенција ќе следува за стратешки утврдените култури и производи и таа ќе биде врзана со остварен принос.

Во време на најголема светска економска криза, како одговорна партија продолжуваме со силна и навремена поддршка за земјоделците и со политики кои гарантираат зголемено домашно производство.

Граѓаните да бидат спокојни, храна ќе има доволно во претстојниот период.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close