fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Димковски: Земјава прва во регионот почнува со ИПАРД 3 програмата

Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија.

Македонија е прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата, соопшти Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ.

-Имаме неповратни 97 милиони евра од ЕУ, пари за модернизација и дополнителен развој на македонското земјоделство.Со помош на ЕУ создаваме нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за преработки, за собирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила.Нова можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции за изградба на современа инфраструктура, патишта, пешачки патеки, водовод и канализација.Од 1 септември веќе започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма.Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија. Бидејќи влезот во ЕУ ќе донесе уште поголеми придобивки и носи уште повеќе финансиски средства од фондовите но и пазарот од 500 милиони жители.Блокадата на европскиот пат е блокада на милијарди евра помош за македонското земјоделство и тоа не смее да се дозволи, порача Димковски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close