fbpx
Вести

Диви откупувачи на жито го рушат пазарот на лиценцираните млинари

Почна откупот на житото во Пелагонија , а диви откупувачи кои со камиони одат директно во нивите и го откупуваат родот  на лице место, го срушија пазарот на лиценцираните компании за млинарска дејност.

Иако на диво житото се откупувапо нјаниска цена  од  7, 5 денари од килограм, а млинарските компании нудат и до 9,5 денари за прв класа, сепак дел од земјоделците од незнаење или нестрпливост, не го предаваат житото на лиценцираните компании, а со тоа губат значител дел од  добивката од годинешната реколта.

Претставник на компанија која долги години се занимава со млинарска дејност вели дека дивите откупувачи го нарушуваат целиот процес на откуп на житото оваа година, а државата не стави рака за да ја регулира откупната цена на пченицата и начинот на откупување.

-Има откупни места директно во нивите, луѓе кои без лиценца го откупуваат на диво житото и го носат во Тетово и Гостивар. Овие диви откупувачи во кеш на нива веднаш после жнеењето им го плаќаат житото на земјоделците и тоа под секоја цена за 7,5 денари од килограм, иако во лиценцираните откупни центри таа цена се движи од 8 до 9 денари за килограм, вели претставник на фирма за млинарска дејност во Битола во разговор за „Зелена берза“.

Тој напоменува дека сите откупни компании работат по стандардите пропишани од Министерството за земјоделие и со лиценца, така што секој понеделник имаат обврска да ги пријават  количините откупени од жито.

-Ние работиме законски, имаме силоси, лиценци, плаќаме вработени, а некој ќе дојде со еден камион и ќе го собере родот, се жали откупувачот  на жито.

Инаку од неколкуте откупни компании во Битола и битолско цената за килограм жито се движи од 8 до 9 и пол денари во зависност од класата.

Од компанијата „Мигрос“ компани ДОО Битола ни изјавија дека откупот на житото кај нив започнал од понеделникот, а цената се движи и од 9 и пол денари за прва класа жито, 9 денари од килограм за втора класа и 8,5 денари за трета класа.

-Откупот почна, ама оди многу слабо заради дождовите, а токму поради влагата и квалитетот е послаб годинава, ни изјавија од „Мигрос“.

И „Синпекс“-Битола отпочна со откупот, така што цената на житото во зависност од квалитетот и начинот на плаќање се движи од 8 до 8, 5 денари за килограм. Од „Синпекс“ велат за одложено плаќање цената е повисока.

Компанијата „Анфи про комерц„ житото го плаќа од 8, 5 до 9 денари од килограм и нуди повеќе варијати на исплата како и можности за превоз на родот од нивите до силосите .

Инаку откупувачите според она што сега можат да го констатираат на терен е дека квалитетот на житото годинава е слаб што е последица на дождовите и големата влага во почвата.

Житото е изртено во самиот клас, амило параметарот и другите кредибилни параметри се со слаб квалитет.

-Повеќе од еден месец врнат дождови, жетвата се одлага секој ден, или се врши со прекини. Жнеењето нема континуитет и целиот процес е нарушен. Каде е државата да помогне во целата работа и да ги  заштити земјоделци како  производители и компаниите како откупувачи,  велат познавачите на состојбите со откупот на житото во Пелагонија.

Годишните потреби за лебно жито во држвата се околу 300 000 тони, лани од домашно производство беа обезбедени  196.000 тони пченица,остатокот беше надоместен со пченица од увоз. Уште минатата година претставници на  мелничарите инсистираа дека е потребен петогодишен план за зголемување на количините и квалитетот на домашната пченица, која е стратешка култура со тоа што најголем дел од потребите да се  обезбедуваат  од домашно производство, со напомена субвенционирањето да биде преку предаден килограм, во преработувачки или лиценциран откупувач.

На тој начин да се принудат сите земјоделци да ја предаваат пченицата само кај овие лиценцирани откупувачи, што од друга страна ќе  овозможат  класифицирање на пченицата по квалитет, а и субвенциите да бидат според квалитетот на пченицата.

„Зелена берза“

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close