fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

Дизел гориво  Еуродизел БС (Д-Е V)    95,00 (денари/литар)

Регулаторната комисија за енергетика ги намалува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто во однос на претходната одлука.

Најголемо намалување има кај цената на Еуродизелот која се намалува за 2,00 денари за литар. Цените на останатите горива не се менуваат.

 

Од 16.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин  Еуросупер БС – 95     84,50 (денари/литар)

Моторен бензин  Еуросупер БС – 98     87,00  (денари/литар)

Дизел гориво  Еуродизел БС (Д-Е V)    95,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС     51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341 отсто,кај дизелот намалување за 1,779 процент, кај екстра лесното масло намалување за 1,389 отсто  и кај мазутот намалување за 1,067 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,058 отсто.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на16.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close