Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Дизелот поскапува, бензините со иста цена
Цените на нафтените деривати се зголемуваат
Со одлука на Регулаторната комисија за енргетика од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,26 проценти, при што малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари за литар.
Со тоа највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и од ноќеска на полноќ изнесува 59,00 ден/лит, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 58,50 ден/лит.