fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Фекалии се излеваат од колекторскиот систем во струшкото поле кај село Франгово

Вистинска еколошка бомба во Струшко.

Вистинска еколошка бомба во Струшко. Десетина денови фекалии се излеваат од колекторскиот систем во струшкото поле кај селото Франгово.Активистите велат постои опасност од загадување и на градскиот водовод, бидејќи излевањето е во непосредна близина на главниот цевковод во Струга, објави 24 вести.

„Згора на се опасноста е поголема што во непосредна близина поминува главниот вод на водоводната инфраструктура со која стружани се снабдуваат со питка вода, така што многу е веројатно да дојде до загадување на чистата вода со која стружани се снабдуваат од системот“, вели Никола Кукунеш активист.

Од ЈП Колектор велат загадувањето е поради нелегални приклучоци, градби и тампони со што шахтите и цевките се затрупани. Извршиле снимање ги опомениле сопствениците и пријавиле кај инспекторите од општина Струга.

„Доколку во рок од една недела самиот сопственик не изврши санација на проблемот кој го направи ние веќе се имаме договорено да го отпушиме тој дел бидејки не можеме да го оставиме вака прави еколошки проблеми а сите трошоци ќе ги префактурираме на сопственикот“, вели Владимир Алексијоски директор на ЈП Колекторски систем.https://www.24.mk/details/fekalii-se-izlevaat-od-kolektorskiot-sistem-vo-strushkoto-pole-kaj-selo-frangovo

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close