„Дневник“: Законот ќе им забрани на Македонците да продаваат кајсии и праски покрај патиштата во Словенија
По патиштата секоја година има голем број тезги со овошје и зеленчук, кои се обележани со лажни натписи, во кои се тврди дека се работи за домашна, словенечка храна, но во реалноста продавачите нудат евтино увезено овошје. Предложената измена на законот за земјоделство забранува продажба на тезги на патот во Словенија, пишува денеска словенечки „Дневник“.
Финансиската администрација и Управата за безбедност на храна се немоќни да утврдат дека овошјето и зеленчукот го продаваат студенти по патиштата преку правни лица кои имаат само електронска пошта во Словенија и чии одговорни лица живеат во странство, главно во Србија и Северна Македонија, тврди електронското издание на весникот.
Помеѓу 13 мај и 15 јули, инспекторите од Управата за безбедност на храна, ветеринарство и заштита на растенијата заплениле три тезги и 531 килограми овошје и зеленчук од продавачи на тезги и пазари за неправилно наведување на нивното потекло и продажба. Ова се случило двапати во областа Приморска и еднаш во областа Горењска. Меѓу запленетите имало најмногу цреши, кајсии, праски и јагоди, а повеќето прекршители биле откриени меѓу продавачите на тезгите на патот.
Градоначалниците на сите четири крајбрежни општини неодамна го истакнале ова до надлежните државни институции.Освен за измамите, тие исто така укажале на недостаток на хигиена на тезгите на патот.
Повеќето тезги со овошје и зеленчук се околу Љубљана, во регионот Горењска и на крајбрежните патишта.
Извор: Фактор.мк