fbpx
ВестиМакедонија

До 14 декември се поднесува барањe за ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка

Со цел да се овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за ноември годинава, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 месецов.

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека на системот е-Даноци е поставен образецот ДД-ОМА/1 за ослободување од плаќање на месечни аконтации за данок на добивка.Со цел да се овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за ноември годинава, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 месецов.„Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РСМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот Ковид-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември годинава, како и за јануари и февруари 2021 година“, соопшти УЈП.За остварување на ова право даночните обврзници поднесуваат барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка образец ДД-ОМА/1 до Управата за јавни приходи, најдоцна до петти наредниот месец за месецот за којшто обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка за временскиот период за кој побаруваат ослободување.

https://plusinfo.mk/u-p-do-14-dekemvri-se-podnesuva-bara-a-za-osloboduva-e-od-pla-a-e-na-akontacii-za-danok-na-dobivka/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close