fbpx
ВестиТоп вести

До 31 декември е рокот за регистрација во системот  е-персонален данок

До крајот на годината сите физички лица кои оствариле некаков приход треба електронски да се регистрираат во Управата за јавни приходи на системот Е-персонален данок.

Со ова постапка лицата нема да мора да поднесуваат годишна даночна пријава како до сега , туку тоа ќе го прават даночниците.

Електронската регистрација се врши преку веб-страницата на Управата во системот e-pdd.ujp.gov.mk. Регистрацијата потоа треба да се однесе на шалтер во една од канцелариите на УЈП за да се потврди. Од УЈП посочуваат дека ова се прави само еднаш, а потоа лицето влегува во нивниот систем со валидната електронска адреса преку која ќе се врши комуникацијата.

Од УЈП ги повикуваат граѓаните што до сега не се регистрирале, тоа да го направат што поскоро и да не го чекаат последниот ден.  Таа обврска ја имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ, кои се оданочуваат со персоналец – плата, пензија, регрес за годишен одмор, закуп, добивка од игри на среќа, од странство и други.

Сево ова е потребно за да може да ја примат годишната даночна пријава за приходите од оваа година, која од 1 јануари 2019 година ќе ја доставува УЈП. Обврска на даночниците е пријавата до обврзникот електронски да ја достават до 30 април, а тие, пак, податоците во неа треба да ги потрвдат или да ги коригираат до 31 мај. Ако не го сторат тоа, пријавата издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close