fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Спасова: 250 милиони поддршка за земјоделците и дополнителни 35 милиони евра од ИПАРД

120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.

Владата предводена од СДСМ продолжува со засилена поддршка за земјоделството како една од клучните стопански гранки, истакна на прес-конференција, пратеничката на СДСМ, Љубица Спасова.

Оваа година за првпат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, вреден 250 милиони денари.

Овие средства главно ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно житни култури.

120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.

Оваа година, поради високата цена на нафтата, направено е усогласување и износот за реализација на мерката „зелена нафта“ е зголемен за 13 отсто.

Важно е да се напомене дека овој Интервентен фонд е надвор од директните плаќања и руралниот развој, односно останатите видови на субвенции се исплаќаат редовно, навремено и неселективно.

Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која сите земјоделци што имале штети врз земјоделското производство поради временски непогоди минатата година ќе бидат обештетени во висина од 10 отсто од вкупната проценета штета.

Вкупно 729 баратели само во Росоман кои претрпеле штети од измрзнувањето на производството ќе добијат околу 33 милиони денари, а покрај нив со одлуката на Владата ќе бидат обештетени и Карбинци, Богданци, Демир Капија и Ранковце.

Повеќе пари и нови можности за развој на земјоделството овозможува и ИПАРД 3 програмата чиј буџет ќе биде зголемен за 60 отсто, а првиот повик се очекува да биде во вредност од околу 35 милиони евра за поддршка на земјоделството.

Почитувани,

СДСМ гради партнерски однос со земјоделците, мерките за поддршка се носат преку отворен и инклузивен дијалог со засегнатите страни.

Продолжуваме да инвестираме во земјоделството, обезбедуваме зголемено домашно производство кое ќе биде конкурентно на домашниот и меѓународниот пазар.

Во време на глобална економска криза, Владата редовно ја следи состојбата со цел навремено да се набават сите потребни поризводи, граѓаните да бидат спокојни, сите основни намирници ги има во доволна количина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close