Нова можност земјоделците да аплицираат за поставување на системите за наводнување капка по капка. Оние кои веќе ги инсталирале на земјоделски површини, може да бараат повратни средства доколку аплицираат до крајот на месецот.
Новина е тоа што според програмата за рурален развој за кофинансирање на средства, може да се конкурира и со површина од само еден хектар, каде се инсталирани овие системи.
По овој оглас од оваа програма земјоделците можат да бараат средства и за копање на нови бунари и влечење вода за наводнување.
Како и досега, за мерките од програмата процентот на кофинансирање се движи од 50 до најмногу 75%, во зависност од тоа каде се наоѓа инвестицијата, односно локацијата на земјоделското стопанство. За апликантите од недоволно развиените подрачја, со над 700 метри надморска височина, процентот на кофинансирање се зголемува.