fbpx
ВестиТоп вести

До крајот на месецов откуп на заостанатите 5 илјади тони тутун

До крајот на овој месец треба да бидат откупени заостанатите 5 илјади тони тутун,по истите услови и динамика како што беше практикувана минатиот месец.

Со тоа на општо задоволство и на откупувачите и на тутунарите  ќе заврши последната производствена реколта тешка 25 илјади тони. Ова е договорено вчера на заедничката средба меѓу тутунарите  и откупувачите во Министерството за земјоделие.

Ова особено по последните проблеми, негодувања и надмудрувања околу откупната цена и класите кои беа предизвикани од страна на претпријатијата лиценцирани за откуп.

Доколку деновиве биде забележано било какво отстапување од договорот  ќе бидат повикани второстепените комисии и инспекторатот за земјоделство.

За идната производствена реколта тутунопроизводителите најавуваат нови предлози, да се намали разликата во цената по класи и подруг пристап во проценката на тутунот.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close