fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноТоп вести

До крајот на октомври ќе се знае колку пари ќе добијат лозарите

Од интерес на лозарите е поддршката на Министерството да биде по хектар произведено грозје.

Барањето на групата лозари до министерството беше да се креира интервентна мерка од пет денари за предадено винско грозје. Од страна на министерот Николовски и државниот советник Димковски, пред лозарите на средбата детално беше презентиран предлогот кој е даден до подсекторската група за најмалку 12.000 денари по хектар поддршка на лозарите за произведено винско и трпезно грозје, соопштија од МЗШВ по средбата со лозарите од Тиквешијата.

Поради болеста оваа година штета по родот претрпеа сите лозаропроизводители, па оттука,  како министерство сметаат дека чесно и правично е поддршката да ги опфати сите лозаропроизводители.

На состанокот заеднички бил донесен заклучок дека од интерес на лозарите е поддршката на Министерството да биде по хектар произведено грозје. На состанокот е договорено, до крајот на октомври, по завршување на сите потребни анализи за трошоците, на нова средба заедно со лозарите да биде дефиниран и износот на поддршка по хектар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close