fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

До Нова Година нема поскапување на струјата, за понатму гаранции нема

Во јануари не би требало да има големи ценовни шокови, смируваат надлежните.

Дали и колку ќе поскапи струјата по 1 јануари е прашањето кое се почесто го поставуваат граѓаните откако државата се соочува со криза во енергетскиот сектор и производството на електрична енергија. Надлежните смируваат, до Нова година домаќинствата нема да плаќаат повисоки сметки а во јануари не би требало да има големи ценовни шокови.Но колку ќе се плаќа веќе од јануари никој не може да предвиди и затоа допрва се прават анализи.

Министерот за економија Крешник Бектешки најави дека се прават сите напори ЕСМ да го извади максимумот од капацитетите за производство на електрична енергија и со тоа барем делумно да ја стабилизра состојбата.

„Моменталната производна цена на електричната енергија на ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во РЕК Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните“, изјави Бектеши.

Како одговор на ценовниот шок на струјата на европските и светските берзи, во тек е постапка за увоз на јаглен со кој ќе се отвори уште едн блок во РЕК Битола како и РЕК Осломеј за да се задоволи побарувачката на домаќинствата во пресрет на зимата и грејната сезона.https://mk.voanews.com/a/6270662.html

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close