fbpx
Вести

Пчеларите бараат повисоки субвенции

Пчеларите бараат поголеми субвенции. Велат дека годинава имаат мали приноси и зголемени загуби. Од Федерацијата сметаат дека државата треба да го зголеми надоместот од 600 на 1.000 денари за пчелно семејство, пчелни матици, и за садници за пошумување со медоносни растенија. Целта е да се направи брендиран македонски мед, квалитет за извоз, велат пчеларите. ­

pchelarite baraat povisoki subvencii

 

„Просекот на добиен мед е многу слаб со само 1,8 килограми презимено пчелно семејство и 7,3 килограми од селидбено пчеларење. Пчеларската федерација на Македонија прогласува елементарна непогода во пчеларството за 2016 година и ќе бара помош од државата за спас за презимување на пчелите и пчеларството“, изјави Јане Марков, претседател на Пчеларската федерација на Македонија.

Од Федерацијата велат дека со увозот на мед се урива домашната цена. Последната количина од 40 тони ја намалиле цената на 190 денари, која во големопродажбата е над 250 денари за килограм. Од Федерацијата укажуваат дека е потребно да се внимава на квалитетот на медот што се купува.

„Иако најдоброто препознавање е лабараториски, сепак постојан некои форми, ако медот е проѕирен или компактен, пак има некое сознание дека се работи за чист мед. Меѓутоа ако самите сте забележале дека ако купите тегла мед и кога ќе ја отворите до половината е една структура, а надолу е друга, веднаш доаѓа до сомнеж“, изјави Венче Билбиловски.

Во Македонија постојат над 8.000 пчелари со над 260.000 пчелни семејства. Просекот на едно пчелно семејство е под 10 килограми мед, што е ниско во споредба со другите земји.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close