До вчерашниот ден откупени се 1.4 милиони килограми тутун, со просечна цена од 374,30 денари
Тутунот е исплатен некаде околу 45% на земјоделците“, појасни министерот.
„Денеска сум во посета на прилепскиот регион, во Тутунскиот комбинат за да направиме увид во текот на откупот на тутун за реколта 2024 година. Иако последниот законски рок од 15-ти декември се уште не е на прагот, меѓутоа гледаме дека делот од тутунарите го имаат предадено својот род“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп.
„Согласно податоците кои што се водат во системот до вчерашниот ден се откупени 1.400.000,00 килограми со просечна цена од 374,30 денари. И истиот е исплатен некаде околу 45% на земјоделците“, појасни министерот.
Министерот Трипуновски додаде дека Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес.
„Ние како Министерство сме во комуникација со сите здруженија. Го следиме целиот процес, и веќе од идната недела очекувам да имаме зголемено предавење на тутунот од оваа реколта“, истакна министерот.
„Тутунарите не треба да бидат загрижени, бидејќи оваа година ќе имаме поголем просек на откупна цена во однос на претходната година“, порача министерот Трипуновски.
Тој посочи дека како Влада, како Министерство постојано се во комуникација со откупувачите, со тутунопроизводителите, со сите здруженија кои што гравитираат во овој сектор. И во текот на изјавата министерот истакна дека нема да има незадоволен тутунопроизводител оваа година. Министерството нема да дозволи разочарувања како што имаше во минатото.